петок, 7 мај 2010 г.

Задача-последна :)))

Направи две (2) слики со димензии 200х40 пиксели. (како 8-та задача во PhotoShop, само малку поширока: 40 рх)

Позадината направи ја по твој избор (боја и форма со алатките за геометриски фигури..), избриши го почетниот-background слој а како текст, на првата слика да биде името на weebly страната, а на втората слика, насловот на темата/сајтот изработен со Publisher (како на сликата подолу...).




Употреби различни бои, ефекти, фонтови...и сними ги во png формат со име: ime prezime klas-weebly.png, за првата и ime prezime klas-pub.png за втората слика.

П.С. Заклучно со недела, 30 мај, сите задачи да бидат поставени на вашите дропови...после 21:00 часот прегледувам и ставам оценки!

четврток, 6 мај 2010 г.

Задача 2 - веб сајт - ХТТ

Направи веб сајт, со MS Publisher, за еден хотел, по твој избор. Сними го документот во .pub формат со име: Ime Prezime II8 -2009-10.pub и постави го на твојот дроп.

За изгледот, формата и потребните содржини на сајтот, погледни тука !

понеделник, 3 мај 2010 г.

Задача 2 - веб сајт - гимназија

Направи веб сајт, со MS Publisher, за една лекција од некој предмет што го изучуваш, по твој избор. Сними го документот во .pub формат со име: Ime Prezime klas-2009-10.pub и постави го на твојот дроп.


За изгледот, формата и потребните содржини на сајтот, погледни тука !

понеделник, 12 април 2010 г.

Задача 1 - веб сајт

Направи веб сајт, на weebly.com (можеш и на друго бесплатно место) со име, како и дропот, vtoroXnn (каде Х-е класот, а nn-е редниот број во дневникот).

Сајтот да има барем 4 страни (можеш и повеќе):

  • почетна-на која ќе опишеш што има на другите страни...
  • видео-со youtube видео клипови со интересни содржини: убави спотови, смешки, реклами, туторијали...
  • слики-со интересни слики: пејзажи, места, 'забегани', 'фотошопирани', незгодни...
  • разно-со вицеви, 'бисери', линкови до корисни програми и сајтови...
Адресата на сајтот, како note, остави ја на твојот дроп а за пример, погледни го manevg.weebly.com и задолжително погледни го vtoro401.weebly.com !!!
а посебно vtoro402.weebly.com !!! (...ајде и вие другите потрудете се...овие од II4 изгледа најдобри ќе испаднат...или не...:)))
...и од II5 нешто: vtoro509.weebly.com ...се знае од кој :)))
...и ова заслужува да се види: vtoro613.weebly.com !!! ...за гитари vtoro729.weebly.com ...и еден со се и сешто ... vtoro124.weebly.com ...

недела, 28 март 2010 г.

Задача 4 во векторска графика

Направи твоја визит карта, со димензии 9х5cm, како на сликата, при што задолжително да има: назив на училиштето, твое име и презиме и клас, твоја слика, адресата на твојот дроп, амблемот на училиштето (претходно од тебе направен) и уште барем две слики-орнаменти направени по пример од втората слика (можеш и некои други...).
Документот во cdr формат и експортираната слика во jpg формат, постави ги на твојот дроп (до 10 април).
Боите, фонтот, ефектите и распоредот на елементите, по твој избор
p.s. ...некој пример како треба...
  

недела, 14 март 2010 г.

Задача 3 во векторска графика

Направи скица на амблемот на гимназијата (види слика) со димензии: 5x8cm (без текстот).
Запази ги формата и пропорциите на елементите, додека бојата, текстурата и фонтот-по твој избор.
Сними го документот во cdr формат и експортирај како слика во png формат со транспарентност.
Двата документи постави ги на твојот дроп...до другата недела...

недела, 21 февруари 2010 г.

Задача 2 во векторска графика

Нацртај план/скица на една соба: дневна, детска (твоја или замислена)... во размер 1:100 (на 1m реално, одговара 1cm на скица). Формата и димензиите на елементите да бидат колку е можно поточни...еве еден пример:

оваа е до првата недела од март...

петок, 19 февруари 2010 г.

Задачи за оценка


Задача01

1. Нацртај вертикална права со должина 5cm, дебелина 2mm и во сина боја
2. Направи копија со поместување за 2cm на десно
3. Селектирај ги двете прави и направи копија со ротација околу центарот за 90 степени
Задача02
1. Нацртај кружница со дијаметар 10cm
2. Со поместување на десно, направи копија така да кружниците се допираат
3. Повтори го вториот чекор за втората кружница
4. Со поместување на десно и на долу за вредноста на радиусот направи копии на првите две кружници
5. Сите кружници нека имаат дебелина на линијата од 2mm и да бидат со: сина, црна,црвена, жолта и зелена боја соодветно
Задача03
1. Нацртај квадрат со страна 5cm
2. Линијата нека биде 2mm и да се менува со објектот
3. Скалирај го квадратот за 50% со дупликат
4. Ротирај за 45 степени
5. Повтори ги чекорите 3 и 4 уште двапати
Задача04
1. Нацртај круг со дијаметар 10cm со сина боја и дебелина на линијата од 2mm
2. Со ShapeTool оддели ја горната лева четвртина од кругот
3. Направи копија со ротација за 180 степени околу долниот десен агол
Задача05
1. Со BezierTool нацртај рамнокрак триаголник со висина 5cm и основа 5mm во жолта боја
2. Со ShapeTool основата претвори ја во крива и направи полукруг
3. Помести го центарот на ротација за 4cm на долу и ротирај за 22.5 степени со дупликат до цел круг
4. Постави жолт круг во средината со радиус 2cm
5. Групирај ги сите објекти и постави ги во средина на црвен правоаголник со 20х15cm




Задача06
1. Нацртај правилна ѕвезда со 5 краци и ширина 5cm
2. Внатрешноста нека биде со жолта боја
3. Постави радијална транспарентност од центарот
4. Ротирај за 30 степени, со дупликат, по еднаш на десно и на лево со центар на ротација поместен на долу за 2х ширина
Задача07
1. Со ArtisticText напиши го името и презимето како два различни објекта
2. Додели им различни бои и линија
3. Примени го ефектот InteractiveBlend со 6 чекори
Задача08
1. Со ArtisticText напиши го името со големина 50pt
2. Додели различни бои за позадина и линија
3. Примени го ефектот InteractiveContour со 6 чекори Outside
Задача09
1. Нацртај 16 крака ѕвезда
2. Додели различни бои за позадина и линија
3. Примени го ефектот InteractiveDistortion со 50 чекори
Задача10
1. Со ArtisticText напиши го името со големина 50pt
2. Додели различни бои за позадина и линија
3. Примени ги ефектите InteractiveEnvelope и InteractiveDropShadow
Задача11
1. Со ArtisticText напиши го името со големина 50pt
2. Додели различни бои за позадина и линијa
3. Примени го ефектот InteractiveExtrude

вторник, 9 февруари 2010 г.

Задача 1 во векторска графика

За оваа задача избери три знаци (лого) на некои фирми (најди на интернет или, ако имате, ваша фирма...амблеми и сл.). Сними ги како слики (бит-мапирани, jpg,gif или png) и постави ги на твојот дроп. Од нив направи векторски слики (на пр. во CorelDraw) и сними ги во еден фајл кој, исто така, ќе го поставиш на твојот дроп. Еден пример на знаци:

Задачата е до крај а февруари!

недела, 7 февруари 2010 г.

Вежба 2 во векторска графика


Задачи со трансформации на објекти: пробај да ги нацрташ..



понеделник, 25 јануари 2010 г.

Вежба во CorelDraw


Цртање основни графички објекти
Со алатките за цртање/обликување (ShapeTool) во CorelDraw, нацртај:
1. права линија долга 10 cm - хоризонтална/вертикална
2. крива линија во форма на парабола/синусоида.
3. полигонална линија во форма на пила/полигон во форма на пила.
4. правоаголник со страни 16 cm и 9 cm/заоблен правоаголник.
5. квадрат со страна 10 cm/заоблен квадрат.
6. правоаголен триаголник со катети 10 cm и 5 cm
7. рамностран триаголник со страна 10 cm.
8. рамнокрак трапез со една страна 10 cm и висина 6 cm.
9. елипса со ширина 10 cm и висина 5 cm/полуелипса-долниот дел.
     10. кружница со дијаметар 10 cm/четвртина од круг.