сабота, 19 декември 2009 г.

Задача10

...последна...за ова полугодие...

Направи честитка за Нова Година и Божиќ...

...сними ја во jpg формат и нека биде 1024х768px со резолуција 72 pixels/inch и големина околу 100КВ...со име: Cestitka-Ime Prezime IIn.jpg и со твоето име и презиме некаде на сликата...

Задолжително употреби:
- барем два филтри од: artistic, blur, texture, render, sketch...
- посебни облици на слоеви (елка, снегулки, лампиони...)
- посебни стилови на слоеви (shadow, stroke, bevel, emboss...)

Интересни облици (shapes), стилови (styles), фонтови (fonts), четки (brushes)...можеш да најдеш на: free4photoshop.com ...(или на друго место...) избери нешто, даунлодирај, распакувај и вметни (load) на соодветното место...

Задачата е до 26. декември...после тоа прегледувам...

Е па нека ви е среќна и поуспешна Новата 2010 Година...

р.ѕ. еве една...од ИноСан...:)

...и од Илија...


вторник, 8 декември 2009 г.

Задача09-за ХТТ - II8

Во четвртата задача имаше да направиш презентација за еден хотел...
Сега, избери една слика од хотелот (надворешен изглед) и од други, барем три, слики од внатрешноста (соба, рецепција, ресторан, базен...) исечи делови и постави ги на краевите на првата слика, напиши го името и местото на хотелот (оригинален назив), додај некој од blend ефектите (сенка, текстура...) и во еден од аглите напиши го твоето име и презиме, клас и учебна година: Име Презиме II8-2009/10 (со мали букви).

Сними го документот со име: Kolaz-Ime Prezime II8.psd и од него направи слика во jpg формат  со истото име.

Двата документи (.psd и .jpg) постави ги на твојот дроп,  до 20. декември...

п.с. еден пример:

Задача09-Гимназија/Економска

Избери една слика за позадина (може пејзаж...ама не мора...) и со селекција на делови од други (барем 3) слики, направи колаж...


- со алатката за текст, напиши во некое ќоше од сликата: име презиме клас-2009/10 (додај некој од blend ефектите:сенки, текстура...)
- документот сними го како: 
Kolaz-Ime Prezime klas.psd и од него направи слика со исто име во jpg формат со големина околу 100 КВ.



Двата документи (.psd и .jpg) постави ги на твојот дроп, до 20. декември...


п.с. еве еден пример...