вторник, 27 октомври 2009 г.

Задача04-за ХТТ-II8

Во претходната задача имаше да опишеш еден хотел во текст документ...

Сега, за истиот хотел направи презентација со повеќе слики и текст на македонски јазик (со македонска подршка).

Готовата задача постави ја на страната на твојот клас.

Задача04-Гимназија/ЕКО

Во третата задача имаше да одбереш две програми и да ги опишеш текстуално...

Сега избери една од двете програми, инсталирај ја и направи презентација за тоа како работи, кои можности ги има, кои се недостатоци а кои се добри страни и сл.
За да земеш слики од прозорецот во кој работи програмата која ќе ја презентираш, користи ја програмата Screenshoter.

И уште една презентација, по твој избор...

Готовите задачи постави ги на страната за твојот клас...

четврток, 8 октомври 2009 г.

Задача03-за ХТТ - II8

- Од web страната booking.com избери еден хотел, со 4 или 5 ѕвездички од градот што одговара на редниот број во дневникот (листата подолу)
- На страната за твојот клас: drop.io/vtoro08 преземи го документот-шаблон и пополни го со податоците од избраниот хотел
- Пополнетиот документ сними го под име: Hotel-Mesto-Ime Prezime.doc и постави го на страната за твојот клас


1.Глазгов, 2.Букурешт, 2.Даблин
3.Осло, 5.Будимпешта, 6.Љубљана
7.Стокхолм, 8.Прага, 9.Загреб
10.Хелсинки, 11.Виена, 12.Белград
13.Москва, 14.Минхен, 15.Софија
16.Лондон, 17.Милано, 18.Скопје
19.Амстердам, 20.Рим, 21.Истанбул
22.Брисел, 23.Барселона, 24.Атина
25.Копенхаген, 26.Мадрид, 27.Тирана
28.Берлин, 29.Лисабон, 30.Сараево
31.Варшава, 32.Венеција, 33.Солун
34.Киев, 35.Париз

вторник, 6 октомври 2009 г.

Задача03

  • од двете колони, избери по една категорија (кликни на зборот)
  • избери по една freeware програма
  • по можност инсталирај ја и во описот дај и твој коментар како работи
  • во текст документ копирај го оригиналниот опис; на кирилица и македонски јазик, во кратки црти опиши што работи програмата и копирај го линкот за симнување/даунлодирање на програмата (по еден документ за секоја програма)
  • сними го документот со име: ime_na_programata-ime_prezime.txt и постави го на страната на твојот клас: drop.io/vtoro0n (n-твојот клас) (и пази на UTF-8...при снимањето...)

сабота, 3 октомври 2009 г.

Задача02

  • Нацртај или избери барем 3 слики и направи ги со димензија 200х200 пиксели
  • Зачувај ги со формат погоден за анимација
  • Со соодветна програма, направи анимација во која сликите ќе се повторуваат со време од 1 секунда
  • Сними го документот со име: Animacija-Ime Prezime-IIn.gif и постави го на страната на твојот клас: drop.io/vtoro0n (n-твојот клас) или донеси го на час

Задача01

Користејќи некоја од програмите за прегледување и уредување на слики: Picasa, IrfanView или Microsoft Office Picture Manager, направи:
  • избери две слики, едната со Portret а другата со Landscape ориентација
  • отсечи или направи ја сликата со димензии: 8х10cm првата и 15х10cm другата
  • сними ги сликите во jpg формат, со име: Slika1(или 2)-Ime Prezime-IIn.jpg и големина не повеќе од 50 KB
Вака направените слики постави ги на страната на твојот клас: drop.io/vtoro0n (n e твојот клас) или донеси ги на час

Р.Ѕ. Потруди се сликите да бидат со интересна содржина...ако можеш...