сабота, 19 декември 2009 г.

Задача10

...последна...за ова полугодие...

Направи честитка за Нова Година и Божиќ...

...сними ја во jpg формат и нека биде 1024х768px со резолуција 72 pixels/inch и големина околу 100КВ...со име: Cestitka-Ime Prezime IIn.jpg и со твоето име и презиме некаде на сликата...

Задолжително употреби:
- барем два филтри од: artistic, blur, texture, render, sketch...
- посебни облици на слоеви (елка, снегулки, лампиони...)
- посебни стилови на слоеви (shadow, stroke, bevel, emboss...)

Интересни облици (shapes), стилови (styles), фонтови (fonts), четки (brushes)...можеш да најдеш на: free4photoshop.com ...(или на друго место...) избери нешто, даунлодирај, распакувај и вметни (load) на соодветното место...

Задачата е до 26. декември...после тоа прегледувам...

Е па нека ви е среќна и поуспешна Новата 2010 Година...

р.ѕ. еве една...од ИноСан...:)

...и од Илија...


вторник, 8 декември 2009 г.

Задача09-за ХТТ - II8

Во четвртата задача имаше да направиш презентација за еден хотел...
Сега, избери една слика од хотелот (надворешен изглед) и од други, барем три, слики од внатрешноста (соба, рецепција, ресторан, базен...) исечи делови и постави ги на краевите на првата слика, напиши го името и местото на хотелот (оригинален назив), додај некој од blend ефектите (сенка, текстура...) и во еден од аглите напиши го твоето име и презиме, клас и учебна година: Име Презиме II8-2009/10 (со мали букви).

Сними го документот со име: Kolaz-Ime Prezime II8.psd и од него направи слика во jpg формат  со истото име.

Двата документи (.psd и .jpg) постави ги на твојот дроп,  до 20. декември...

п.с. еден пример:

Задача09-Гимназија/Економска

Избери една слика за позадина (може пејзаж...ама не мора...) и со селекција на делови од други (барем 3) слики, направи колаж...


- со алатката за текст, напиши во некое ќоше од сликата: име презиме клас-2009/10 (додај некој од blend ефектите:сенки, текстура...)
- документот сними го како: 
Kolaz-Ime Prezime klas.psd и од него направи слика со исто име во jpg формат со големина околу 100 КВ.



Двата документи (.psd и .jpg) постави ги на твојот дроп, до 20. декември...


п.с. еве еден пример...


сабота, 28 ноември 2009 г.

Задача08

Направи две (2) слики со димензии 200х30 пиксели.

Позадината направи ја по твој избор (боја и форма со алатките за геометриски фигури..), избриши го почетниот-background слој а како текст, на првата слика да биде името на твојот дроп (веќе треба да имаш направено...), а на втората слика, твојот panoramio акаунт (како на сликата подолу...).





Употреби различни бои, ефекти, фонтови...и сними ги во png формат со име: drop-ime prezime.png, за првата и panoramio-ime prezime.png за втората слика.


Постави ги на твојот дроп, најдоцна до 6. декември 2009.

П.С. по седмата задача (ако си ја завршил како што треба) ќе добијам известување за времето на извршување и на оваа задача, а тоа пак ќе влијае на полугодишната оценка...

четврток, 26 ноември 2009 г.

Задача07

За да добијам известување за секоја промена на вашиот дроп (поставување на задача или коментар), внесете ја мојата e-mail адреса во делот за споделување:

Кликнете на Share,  на E-mail и пополнете како што е прикажано на сликите подолу:










 притиснете на Subscribe...

После тоа, на секоја ваша изработена и поставена задача на дропот ќе добијам известување и побрзо ќе можам да ги проверам извршените задачи...

среда, 25 ноември 2009 г.

Задача06

Досега требаше да имате направено свој drop и таму да ги префрлите сите изработени задачи...

За потсетување, на тие што немаат сеуште направено: на страната drop.io креирајте дроп со име: vtoroXnn - каде Х е класот а nn е редниот број во дневникот (со нула напред, ако е од 1 до 9).

На пример, дроповите треба да изгледаат: drop.io/vtoro208 (за ученикот со реден број 8 во II2 класот...и слично)

Од делот за администрација на дропот, да се пополни описот (description) со име, презиме, клас, училиштето и местото...

До 1. декември 2009 сите да имате направено свој дроп...тоа ќе влијае на полугодишната оценка...

среда, 18 ноември 2009 г.

Задача05

Направи акаунт на www.panoramio.com, постави барем три слики (кои претходно ќе ги сликаш со мобилен или дигитален апарат...ако немаш...снајди се...имаш време) и мапирај ги на местото од каде се снимени. Во текстуална датотека со име: Panoramio-ImePrezime-IIn.txt стави го твоето име и презиме, клас, адресата на акаунтот  координатите на трите (можеш и повеќе) мапирани слики со краток опис на сликите. Оваа текстуална датотека постави ја на твојот дроп.

Краен рок за оваа задача е до крајот на овој месец, ноември.
На 1. декември прегледувам и ако ја немате завршено задачата...ќе добиете друга...

п.с. вака треба да изгледа датотеката...



вторник, 27 октомври 2009 г.

Задача04-за ХТТ-II8

Во претходната задача имаше да опишеш еден хотел во текст документ...

Сега, за истиот хотел направи презентација со повеќе слики и текст на македонски јазик (со македонска подршка).

Готовата задача постави ја на страната на твојот клас.

Задача04-Гимназија/ЕКО

Во третата задача имаше да одбереш две програми и да ги опишеш текстуално...

Сега избери една од двете програми, инсталирај ја и направи презентација за тоа како работи, кои можности ги има, кои се недостатоци а кои се добри страни и сл.
За да земеш слики од прозорецот во кој работи програмата која ќе ја презентираш, користи ја програмата Screenshoter.

И уште една презентација, по твој избор...

Готовите задачи постави ги на страната за твојот клас...

четврток, 8 октомври 2009 г.

Задача03-за ХТТ - II8

- Од web страната booking.com избери еден хотел, со 4 или 5 ѕвездички од градот што одговара на редниот број во дневникот (листата подолу)
- На страната за твојот клас: drop.io/vtoro08 преземи го документот-шаблон и пополни го со податоците од избраниот хотел
- Пополнетиот документ сними го под име: Hotel-Mesto-Ime Prezime.doc и постави го на страната за твојот клас


1.Глазгов, 2.Букурешт, 2.Даблин
3.Осло, 5.Будимпешта, 6.Љубљана
7.Стокхолм, 8.Прага, 9.Загреб
10.Хелсинки, 11.Виена, 12.Белград
13.Москва, 14.Минхен, 15.Софија
16.Лондон, 17.Милано, 18.Скопје
19.Амстердам, 20.Рим, 21.Истанбул
22.Брисел, 23.Барселона, 24.Атина
25.Копенхаген, 26.Мадрид, 27.Тирана
28.Берлин, 29.Лисабон, 30.Сараево
31.Варшава, 32.Венеција, 33.Солун
34.Киев, 35.Париз

вторник, 6 октомври 2009 г.

Задача03

  • од двете колони, избери по една категорија (кликни на зборот)
  • избери по една freeware програма
  • по можност инсталирај ја и во описот дај и твој коментар како работи
  • во текст документ копирај го оригиналниот опис; на кирилица и македонски јазик, во кратки црти опиши што работи програмата и копирај го линкот за симнување/даунлодирање на програмата (по еден документ за секоја програма)
  • сними го документот со име: ime_na_programata-ime_prezime.txt и постави го на страната на твојот клас: drop.io/vtoro0n (n-твојот клас) (и пази на UTF-8...при снимањето...)

сабота, 3 октомври 2009 г.

Задача02

  • Нацртај или избери барем 3 слики и направи ги со димензија 200х200 пиксели
  • Зачувај ги со формат погоден за анимација
  • Со соодветна програма, направи анимација во која сликите ќе се повторуваат со време од 1 секунда
  • Сними го документот со име: Animacija-Ime Prezime-IIn.gif и постави го на страната на твојот клас: drop.io/vtoro0n (n-твојот клас) или донеси го на час

Задача01

Користејќи некоја од програмите за прегледување и уредување на слики: Picasa, IrfanView или Microsoft Office Picture Manager, направи:
  • избери две слики, едната со Portret а другата со Landscape ориентација
  • отсечи или направи ја сликата со димензии: 8х10cm првата и 15х10cm другата
  • сними ги сликите во jpg формат, со име: Slika1(или 2)-Ime Prezime-IIn.jpg и големина не повеќе од 50 KB
Вака направените слики постави ги на страната на твојот клас: drop.io/vtoro0n (n e твојот клас) или донеси ги на час

Р.Ѕ. Потруди се сликите да бидат со интересна содржина...ако можеш...